Охридската цреша да се заштити со ознака за потеклото

Bez autora
Nov 18 2014

Земјоделските и прехранбените производи кои со генерации се одгледуваат во одредени региони и кои станаа препознатливи токму поради традицијата треба да го заштитат квалитетот преку воведување ознака на потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет. Од Министерството за земјоделство велат дека работат со земјоделците за стандардизација на нивните производи преку ИПА-програмата. Претставниците на Европската комисија посочуваат што треба Македонија сега да преземе. „Има потрошувачи кои на локалните пазари бараат охридски цреши, кашкавал и сирење од Бистра соодветно етикетирани, со стандардно одличен квалитет, органски зеленчук и вино. Ова не е важно само за здравјето, туку и за развој на земјоделството, како и за руралната економија“, потенцира Јаромир Левичек од Канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Охридската цреша да се заштити со ознака за потеклотоЗемјоделските и прехранбените производи кои со генерации се одгледуваат во одредени региони и кои станаа препознатливи токму поради традицијата треба да го заштитат квалитетот преку воведување ознака на потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет.

Од Министерството за земјоделство велат дека работат со земјоделците за стандардизација на нивните производи преку ИПА-програмата.

Претставниците на Европската комисија посочуваат што треба Македонија сега да преземе. „Има потрошувачи кои на локалните пазари бараат охридски цреши, кашкавал и сирење од Бистра соодветно етикетирани, со стандардно одличен квалитет, органски зеленчук и вино. Ова не е важно само за здравјето, туку и за развој на земјоделството, како и за руралната економија“, потенцира Јаромир Левичек од Канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Клучно е, рече, да се усвојат стандарди за обележување, да се воспостави систем за јакнење на земјоделските задруги и да продолжи јакнењето на институционалните капацитети.

Министерот Михаил Цветков на вчерашната конференција ги презентираше резултатите од твининг-проектот „Органско земјоделско производство и квалитет на земјоделските производи“, кој се спроведуваше изминатите 19 месеци со финансиска поддршка на Инструментот за претпристапната помош (ИПА) на Европската унија и во партнерство со Министерството за земјоделство, прехрана и шумарство на Италија.

Освен Министерството за земјоделство, проектот вреден 690.000 евра ги таргетираше и останатите институции од оваа област, како и производителите кои со приспособувањето кон европските стандарди и исполнување на критериумите го подобруваат квалитетот на производите и стануваат поконкурентни на пазарот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik